Понекогаш се случува луѓето да мислат дека нешто што би внеле директно во организмот има поголем ефект. Истражувањата покажаа дека работите што ги ставаме на нашето тело можат да имаат огромен ефект врз нашата кожа. Фактот дека нешто се нанесува локално (на кожата) не значи дека нема никакво влијание врз нас, бидејќи нашето тело, односно кожата, има можност да апсорбира хранливи материи. Лосионите и кремовите со лимон и лук, исто така, работат на тој принцип.
маска од лук и лимон за целулит
Сè што ви треба за тоа е:
Сок од лимон (1 лимон со средна големина)
1-2 чешниња лук
Маслиново масло
Смесата што ќе ја направите треба да биде доволна за неколку дена.
Забелешка: Чувајте ја маската на ладно и темно место.
Подготовка: Изгмечете го лукот и ставете го во сад заедно со исцеден сок од лимон. Додадете неколку капки маслиново масло и добро протресете го пред секоја употреба.
Се користи со нанесување на чисто тело по туширање и триење на исушената кожа со нежни движења на масажа. Потоа се отвораат порите и лековитите состојки продираат длабоко во кожата. Со зголемување на циркулацијата на овој начин, целулитот се распаѓа побрзо. Може да се нанесува секој пат после туширање, со масажа од најмалку 15 минути. За подобар ефект и побрзо постигнување на резултатите ви предлагаме и пијалок од лимон и лук.
Пијалокот од лимон и лук ги топи масните наслаги
Течноста е еден од предусловите за исфрлање на токсините од телото. Ако сме дехидрирани целулитот ќе биде поизразен. Обичната вода може да и помогне на нашата кожа да изгледа подобро, но не може самостојно да ја намали големината на масните клетки. Затоа испробајте ги овие пијалоци, со цел да го забрзате процесот на чистење на организмот и да му ги обезбедите на организмот потребните витамини.
Пијалокот од лимон и лук е вистинската работа за тоа, бидејќи покрај подобрувањето на општиот изглед на кожата, нашиот метаболизам исто така се забрзува. Погледнете како се прави и пробајте што побрзо!
Потребни состојки
1-2 лимони (средна големина)
2-3 чешниња лук
вода
Магдонос или целер
Подготовка: Ставете го исчистениот и измиениот лук во сад, истурете го лимоновиот сок и водата додадете малку магдонос или целер. Исецкајте ги сите состојки и изблендирајте.
Пијте го пијалокот наутро, иако е добро да го подготвувате навечер. Се користи најмалку една недела, но не претерувајте.