Многу често сакаме да кажеме „не“, но се плашиме да кажеме не , па само велиме „можеби“. Друг пат сме премногу остри во реакцијата и нашето „не“ звучи грубо.
Ви предлагаме да научите 10 начини како можете да кажете не на убав начин.
- Звучи добро, но не сум слободен.
- Поласкана сум што ме праша, но не можам да го направам тоа.
- Жал ми е, но не можам да ти помогнам со тоа во моментов.
- За жал, не е добро време.
- Не сум слободен во моментов, но можеби следниот пат.
- За жал, ова е нешто што не можам да го направам во моментов.
- Навистина ценам што прашуваш, но не можам да се посветам на тоа во моментов.
- Жал ми е, но нема да успеам, можеби друг пат.
- Ти благодарам што мислиш на мене, но нема да можам.
- Не, благодарам.