ЉУБИТЕЛИТЕ НА КАФЕ СЕ ПОСРЕЌНИ

Љубителите на кафе се позабавни во канцеларија и заработуваат повеќе од љубителите на чај, пишува Дејли експрес, повикувајќи се на резултатите од анкетата спроведена во Велика Британија по повод Меѓународниот ден на кафето.

Авторите на студијата откриле дека оние кои пијат кафе заработуваат во просек по 28.000 фунти годишно во споредба со 26.000 фунти за оние кои пијат чај.

Истражувањето, исто така, открива дека оние кои пијат кафе имаат поголема веројатност да заземаат повисоки позиции во службата и се опишани како позабавни во канцеларијата, додека љубителите на чај се поконкурентни и се сметаат себеси за „душата на компанијата“, но во неработна средина .

Како и нивниот омилен пијалок, така и на љубителите на чај крвта им врие полесно, додека љубителите на кафе се поопуштени и позборливи.

Љубителите на чај се опишуваат себеси како „тимски играчи“, но признаваат и дека флертуваат со шефовите во потрага по унапредување.

Додека го пијат својот омилен пијалок, оние кои пијат кафе почесто сурфаат на Интернет, додека љубителите на чај обично разменуваат озборувања со колегите.