Понекогаш е навистина тешко да останете поврзани со партнерот. Со текот на времето многу парови престануваат да му даваат приоритет на времето поминато заедно и од љубовници полека стануваат партнери од навика.
Премногу изненадувања
Повремените изненадувања во врската се добредојдени. Но, ако сè почесто сте изненадени од неговите постапки и зборови, тоа би можело да значи дека неговите ставови и приоритети се менуваат. Ако ја препознаете оваа промена кај него, обидете се да се гледате почесто и не заборавајте да го прашате како е и што има ново.
Немате заеднички пријатели
Во текот на врската нормално е извесно време да бидете разделени, но не е нормално вие и вашиот партнер да патувате одделно или секој со своите пријатели. Така никогаш нема да дознаете како тој навистина се однесува кога не е само со вас. Но и за ова постои решение. Поканете неколку негови пријатели на вечера. На тој начин машката забава ќе биде во вашиот дом, а вие ќе ги запознаете неговите пријатели.
Комуникација преку пораки
Ако вашата комуникација се одвива главно преку пораки оставени на фрижидерот или во вид на листи за работи кои мора да ги направите, тогаш повеќе од сигурно е дека покрај вас имате цимер, а не романтичен љубовник. Наместо тоа, вратете ја вашата врска назад, на врвот на списокот на одговорности. Поразговарајте со партнерот за секојдневните работи, а потоа запрашајте се еден со друг како напредува вашата врска.


