ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА 8-14 ФЕВРУАРИ

Оваа недела, планетата на љубовта – Венера, ќе направи романтично патување со Водолија, што во голема мера ќе го олесни нашиот љубовен живот. Ова значи дека може да има надградба на врската или нова љубов за некои. Во знакот на Водолија нè чека нова месечина, која исто така ќе се почувствува. Повеќе за вашиот хороскопски знак, видете во нашиот љубовен хороскоп.

Овен
Драги Овни, вашите љубовни желби би можеле да се остварат, благодарение на ретката врска Венус-Јупитер во вашата 11-та куќа на пријателството. Универзумот очекува да ги изјасните вашите копнежи. Ако имате сериозна врска, вашиот сакан може да ве изненади и да ја остварите вашата желба.

Бик
Наметливиот Марс се движи низ вашиот знак и оваа сабота ќе направи поддршка за поврзување со Нептун, кој сега е во областа на вашата мапа поврзана со вашите најголеми желби. Ако запознаете некого и имате интимни желби кон таа личност, тогаш тие можат да се остварат. Слободните можат да имаат возбудливо познанство, а Бикот во врска може да ужива во добри моменти со партнерот.

Близнаци
За Близнаците е важно партнерот да им помогне да ги прошират своите хоризонти, да ги надополнуваат и инспирираат. Ако тоа не се случи, тие едноставно го губат интересот за нивната врска. За среќа, универзумот ве поддржува и ќе се чувствувате повеќе заљубени од кога било. Вашиот сакан пријатно може да ве изненади. Ако сте слободни, веројатно ќе запознаете нова и возбудлива личност.

Рак
Нова месечина ве чека оваа недела и тоа ќе влијае на вашиот партнер сектор. Од друга страна, врската помеѓу Венера и Јупитер ќе влијае и на вашиот љубовен живот. Ве очекуваат радости и добри моменти. Искористете ги овие планетарни настани.

Лав
Лавовите ќе се чувствуваат како да добиле на лотарија. Новата месечина ќе влијае на вашиот партнер сектор. За посветените претставници на зодијакот, ова значи нов почеток за врската. Ден по новата месечина, Венера и Јупитер ќе бидат во прекрасна позиција. Сето ова ќе донесе само позитивни емоции за вас.

Девица
Оние кои се во сериозна врска, ќе уживаат во поддршката и љубовта на својот партнер. Тој или таа може да стори нешто оваа недела за да ви го олесни животот на некој начин. Можеби е остварување на сонот, пријатно изненадување. Без оглед за што станува збор, ќе се чувствувате сакани.

Вага
За претставниците на хороскопскиот знак Вага, романтичните можности се бесконечни и новата месечина до одреден степен ќе придонесе за тоа. Но, слободните ќе уживаат и во добри можности. Бидете отворени за нови состаноци и љубов. Венера и Јупитер ќе се мешаат во љубовниот живот на Вагата. Изненадувања и добри изгледи, ова ќе биде недела на вљубените за вас.

Скорпија
Вашата сакана личност ќе ве изненади со подарок што е од срце. Можеби нешто за кое сонувавте подолго време. Неговата великодушност не само што ќе биде материјална, туку најдобро е што ќе сакате да одговорите со љубов и внимание. Прославете ја љубовта, драги Скорпии!

Стрелец
Родените под знакот на Стрелец оваа недела ќе донесат одлуки што ќе ги израдуваат многу. Некои од вас може да добијат предлог за брак. Можете да живеете под ист покрив со вашиот сакан или да решите стар проблем. Едно е сигурно – вашето расположение ќе биде романтично. Ако барате љубов, бидете отворени за неа. Можни се нови познанства или флертувања со личност со која веќе некое време комуницирате.

Јарец
Јарците ќе имаат прилики за славење. Можно е да добиете зголемување на приходот, но и да ја надградите вашата врска на некој начин. Вашиот партнер ќе ви помогне да се чувствувате пријатно, смирено, разговорите ќе ви се наплаќаат со позитивно расположение. Поминувате низ внатрешни промени, сфаќајќи што сакате и заслужувате во љубовта. Ако барате нова љубов, бидете внимателни.

Водолија
Новата месечина во вашиот знак, како и врската Венера-Јупитер, ќе направат да се чувствувате како да се исполнуваат повеќето од вашите желби. Кога станува збор за љубовта и романсата, настаните ќе ви донесат многу возбуда. Без разлика дали сте во сериозна врска или неодамна сте запознале некој, ќе се чувствувате сакани, посакувани. Уживајте во оваа прекрасна недела!

Риби
Оние од вас кои се во врска очекувајте нешто посебно од саканиот, ндшто што многу ќе ве изненади. Како и да е, ве чека пријатна недела, во која романсата нема да биде вишок, затоа не двоумете се да дадете љубов и да организирате посебни моменти. Ако го барате вашиот партнер, ќе имате пријатни моменти на флертување, но тешко дека ќе започнете нова врска овие денови.