Овен
Чувствувате наплив на љубов. И што може да биде подобро од тоа во овие жешки месеци? Некое внатрешно убедување ви шепоти дека ова е човекот за вас, дека што и да се случи, сè на крајот ќе се среди.
Бик
Ако сеуште не сте пронашле љубов, претстојат денови што можат да ви донесат промена во оваа насока. Во недела постои можност да запознаете некој многу интересен, на кого нема да можете да му одолеете.
Близнаци
За прв пат по долго време, ќе го отворите срцето без претходно да размислите дали ќе бидете премногу ранливи. Ќе се осмелите да зборувате за вашите стравови и соништа, а партнерот ќе ви биде поддршка.
Рак
Ако сте посветени, ќе имате можност повторно да се откриете со вашиот партнер. Ќе разговарате за сè што ве возбудува, заедно ќе ги надминете пречките што може да се појават на вашиот пат. Овој викенд ќе ве натера да сфатите дека кога сте заедно сте посилни.
Лав
Ќе има пресврти во љубовта кон Лавовите, но дефинитивно позитивни. Можеби ве чека кратко патување, што ќе влијае на вашата врска како здив на свеж воздух.
Девица
Девиците ќе бидат „помеѓу карпа и тврдо место“ или така ќе се чувствуваат. Ако успеете да ги оставите настрана туѓите емоции и да се концентрирате на сопствената среќа, можеби ве чека нешто волшебно.
Вага
Никој не сака да влегува во непотребни конфликти, но понекогаш не е лошо да се залагате поцврсто. Изнесете ги вашите аргументи и обидете се да постигнете компромис.
Скорпија
Скорпиите се надарени со силна интуиција, која за жал често се занемарува. Овој викенд е пожелно да и верувате, бидејќи судбината има изненадувања за нив.
Стрелец
Не е прв пат стрелците да уживаат во високо либидо, но за среќа ќе има кој да го „сподели“ со овој викенд. Викендов во јули со нив се очекуваат неочекувано високи температури!
Јарец
Имате внатрешна желба за која сè уште ви недостасува храброст. Овој викенд ѕвездите ветуваат поддршка, затоа соберете храброст и дејствувајте.
Водолија
Без разлика дали станува збор за вашата врска со саканата личност која е во застој цела вечност или за вашата врска, сега е време за општа промена.
Риби
Љубовниот фронт е мирен викендов, затоа не очекувајте сериозни пресврти. Време за пуканки, романтични филмови и многу повеќе.