Овен
- Ова е хороскопски знак со најексплозивен темперамент и често има проблем со контрола на бесот.
- Често се однесуваат како да се многу наивни и незрели.
- Секогаш се возбудени околу започнување на нови нешта, но многу лесно го губат интересот.
- Нивната нетрпеливост е многу напорна, секогаш сакаат сè и сега.
- Поприлично се егоисти и тешко ја разбираат туѓата перспектива.
Бик
- Ужасно се тврдоглави и во кавгите со нив не треба да очекувате дека некогаш ќе победите, дури и ако знаат дека не се во право. Секако нема да попуштат.
- Со среќа во очекувањата дека тие ќе бидат вредни партнери кои ќе раскреваат низ дома за сè да биде на место.
- Нивните потреби и желби секогаш имаат приоритет.
- Често знаат да бидат здодевни.
- Емотивно тешко се отвораат и најчесто само велат „сè ќе биде во ред“.
Близнаци
- Најчесто се многу несигурни и тешко можете да сметате на нив.
- Секој ден прво мора да анализирате каква им е волјата, за да знаете како да се прилагодите на нивното однесување.
- Сакаат да шармираат со убави зборови, но често не ги исполнуваат своите ветувања.
- Сè брзо им здосадува, па така и партнерот. Затоа покрај нив може брзо да почнете да се чувствате како да сте им вишок.
- Животот со нив подразбира безброј полузавршени проекти и напуштени идеи.
Рак
- Нивните промени во расположението се многу исцрпувачки.
- Често ќе ве повредат со тешки зборови, а подоцна нема да ја преземат вината за тоа.
- Ќе ве побрзаат за „сериозна врска“, брак и семејство, но ни самите не се сигурни во тоа.
- Ќе покажуваат знаци на зависност од вашата врска заради што може да се чувствувате како во затвор.
- Животот со нив може да биде прилично монотон и предвидлив, тешко ќе ги навикнете на нови активности.
Лав
- Тешко е да се чувствувате сигурни со нив, бидејќи сакаат да флертуваат кај ќе стигнат.
- Никогаш нема да имате чувство дека ве сакаат колку што вие ги сакате нив и повремено ќе ви создаваат чувство дека се наметнувате во врската.
- Ретко признаваат дека не се во право, а дури и ако го направат тоа, самите не веруваат во тоа.
- Знаат да бидат многу арогантни и нетактични.
- Бидејќи тие мора да бидат во центарот на вниманието, може да се чувствувате како да живеете во нивната сенка.
Девица
- Тие се кралеви во анализирање и осудување на туѓото однесување.
- Животот со нив значи дека секогаш вие ќе мора да бидете иницијатор на сè.
- Сакаат да се муртат, па после кавга очекувајте однесување како на петгодишно дете.
- Бидејќи често се несигурни, од вас очекуваат сè за да не се чувствуваат така, иако вие со тоа немате никаква врска.
- Мора да живеете според нивните правила. Во спротивно ќе слушате критики секој ден.
Вага
- Ретко ќе знаете што всушност мислат за нешто, бидејќи може да ви го зборуваат она што знаат дека сакате да го слушнете.
- Ќе се обидат со разни игри, како оние со казнување и наградување, за да манипулираат со својот партнер.
- Лесно можат да се свртат против вас ако ги повредите.
- Често се многу тажни и оптоварени со изгледот, а и од вас ќе очекуваат секогаш да изгледате совршено.
- Нивната упорност е спорна, а често се жалат, што може да биде тешко за слушање.
Скорпија
- Нивната љубомора е легендарна и можете да очекувате бесни погледи при секој разговор со некој од спротивниот пол, за кого тие ќе проценат дека е привлечен.
- Покрај нив тешко ќе знаете како самите се чувствувате, бидејќи тие се во состојба да манипулираат со вашите емоции.
- Во состојба се потполно да ве игнорираат и да ве остават така што само ќе исчезнат од вашиот живот.
- Често имаат тајни, а ни малите „наивни“ лаги не им се непознати.
- Со нив и малите кавги можат да се претворат во големи.
Стрелец
- Обожаваат да зборуваат, но тешко ги слушаат другите.
- Очекуваат од партнерот постојано да ги забавува, а ако тоа не се случува, ќе кукаат.
- Со среќа во обидот нешто да го научите вашиот Стрелец, бидејќи тој и така веќе сè знае.
- Обожаваат да доминираат во односите.
- Знаат да бидат многу директни и бесчувствителни, и ако сакаат – мајстори се во повредување на туѓите чувства.
Јарец
- Работата, нивните цели и успеси секогаш ќе им бидат на прво место, пред партнерот.
- Тие се најпознати „контрол фрикови“ во целиот Зодијак.
- Често им недостига спонтаност бидејќи не се способни да се опуштат, заради што вашиот однос може да стане здодевен.
- Ќе ја анализираат и паметат секоја грешка што сте ја направиле и бидете сигурни дека ништо не забораваат.
- На нивниот став не можете да влијаете, единствено што можете е да се прилагодите.
Водолија
- Тие често живеат во своите соништа, заради што се чинат оддалечени од сè и од сешто, па така и од партнерот.
- Врската со нив може да се претвори во доживотна низ предавања – бидејќи тие секогаш знаат како е најдобро.
- Во вашиот приватен живот скоро секогаш ќе ги вовлекуваат пријателите и покрај нив може да се чувствувате како вие да не сте им доволни.
- Иако се гордеат со тоа што се либерални, всушност според своите принципи тие ги осудуваат сите други.
- Секогаш можете да знаете за што размислуваат, но ретко што чувствуваат.
Риби
- Нивната замисленост е проблем, сметајте дека сè што ќе кажете ќе мора и да го повторите.
- И додека е тешко да ги поттикнете нешто да започнат, уште потешко е да ги натерате тоа и да го завршат во разумен рок.
- Ќе ги жртвуваат своите потреби и чувства за другите, па може да имате впечаток дека се слаби и дека мора да се грижите за нив.
- Ги идеализираат односите и од вас ќе имаат бројни очекувања.
- Рибите постојано размислуваат што сакаат во животот, па вие веројатно често ќе се запрашувате каде сте вие во таа равенка.