Љубов е кога знам дека некој тивко ме гледа додека спијам, нежно ме гали по лицето и ментално ми се заблагодарува што ме има.
Љубов е кога ме гледа лежерно облечена, во мојот дом искината блуза, без шминка, само што се разбудив од неговите бакнежи и сепак ми вели дека сум најубава.
Љубов е кога ме бакнува нежно во чело и овој бакнеж го нарекува „покровителство“.
Љубов е кога не се двоуми да ме држи за рака пред пријателите, пред родителите, пред целиот свет. Напротив – гордо ме држи за рака затоа што сум му жена!
Љубов е кога ме нарекува „најдоброто нешто во мојот живот“.
Љубов е кога во 2 часот по полноќ трча до продавница за да ми земе нешто слатко.
Љубов е кога иако не сака романтични филмови, може да го гледа Титаник со мене одново и одново и одново…
Љубов е кога понекогаш само стои и ме гледа со тој супер сладок изглед. А кога ќе го прашам зошто го прави тоа, ми одговара: „Едноставно ти се восхитувам“.
Љубов е кога ме бакнува за добра ноќ (и мисли дека спијам, но го чувствувам најубавиот бакнеж).
Љубов е кога тој може да заспие гушкан до мене без задолжително прво да има секс.
Љубов е кога љубовта е секогаш тука – во нашите срца, дури и кога сме се скарале и не разговараме еден со друг.
Љубов е кога не се заморуваме еден од друг, дури и ако сме постојано заедно. Затоа што ја цениме секоја секунда помината заедно.
Љубов е кога ќе го трпи моето лелекање и не ни помислува дека сум ни приближно лелекава како што сум навистина.
Љубов е кога ми ги приредува тие убави, мали изненадувања, како палачинки во сабота наутро.
Љубов е кога ми праќа слатки пораки само за да ме потсети на себе
Љубов е кога јас сум првата личност со која сака да ги сподели своите болки, грижи, радости и соништа.
Не скапите подароци, не шоуто, не сликите на Фејсбук, не патувањата низ светот, туку таа топла прегратка што може да ме стопли и во најстудените вечери… Тоа е ЉУБОВ!


