Лаворовите листови го подобруваат имунитетот, го зголемуваат апетитот, го подобруваат варењето, спречуваат настанување гасови во цревата, се користат при лечење на хроничен бронхитис и прелада. Ги намалуваат и комплетно ги отстрануваат реуматските болки, намалуваат воспаленија, одлични се за намалување на силни болки, отстрануваат габични инфекции, го чистат лимфниот систем, помагаат при лекување на проширени вени, имаат антивирусно, антисептично и анелгетско дејство.
Покрај употребата на лаворовите листови за подобрување на здравјето тие исто така се употребуваат и во козметиката за лекување на кожни болести, за отстранување на првут од косата како и за третирање на мрсна и проблематична кожа.
Во продолжение ви пренесуваме неколку моќни и делотворни рецепти од лаворови листови кои се надевам дека ќе помогнат за успешно лекување на некои болести и воспаленија.
Лаворов лист за побрз раст на косата
Во 2,5 дл. не многу јак шампон се ставаат 80 капки етерично масло од мандарина и 20 капки етерично масло од лавор. Шампонот убаво се меша и се користи за секојдневна употреба.
Лаворовите листови се одличен борец против гихт
5 ситно сечкани листови се прелеваат со 5 дл. зовриена вода, се варат 5 минути на тивок оган, се тргаат од огнот и се оставаат во поклопен сад до утрото. Сокот се цеди и се пие на секој час по 1 супена лажица. Лекот секогаш се подготвува на вечер и се пие следниот ден. Се пие само 3 дена и после се прави пауза од 6 месеци бидејќи е доста јако средство кое во потполност може да ги отстрани штетните кристали од зглобовите. Додека се пие не смее да се јаде месо и да се пие алкохол и луѓе кои страдаат од чир на желудникот не смеат да го консумираат.
Чај од лаворов лист против грип и бронхитис
3 ситни исечкани лаворови листови се ставаат во 2,5 дл. вода и се варат 10 минути. Се тргаат од оган и се оставаат да поседат уште 10 минути во поклопен сад. Потоа чајот се цеди, му се додава една лажица цеден сок од лимон и две лажици мед. Чајот се меша и се пие 2 до 3 пати во текот на денот.
Лек против реума
Во аван убаво се гмечат 20 свежи зрели бобинки од лавор и потоа се варат во 1 литар зовриена вода. Сокот се цеди преку платнена крпа и се остава да се олади. Откако убаво ќе се излади од површината со лажица се собира насобраната маснотија која ќе ја испуштат бобинките во текот на варењето и таа се меша со една лажица свинска несолена маст. Смесата добро се меша, се чува во стаклен сад и се употребува како маст која се покажа дека е многу ефикасна против реума.