Црниот бибер е одличен зачин, но можете да го користите и за многу други работи. Еве некои од нив:
Ја ублажува кашлицата
Ако имате кашлица, ставете лажичка мед во шолја чај од црн бибер и испијте го. Овој пијалок се користи за лекување во традиционалната кинеска медицина. Биберот ја стимулира циркулацијата и протокот на слуз, а медот е природен лек за кашлица и делува како благ антибиотик. Како да направите чај од бибер? Во чаша ставете една лажичка свежо мелен црн пипер и две лажички мед. Наполнете со врела вода и варете 15 минути. Потоа процедете го и испијте.
Ви помага да се откажете од пушењето
Студија од 2013 година покажа дека кога пушачите вдишуваат мирис на масло од црн пипер, нивната желба за цигари и пушење се намалува.
Помага при затнат нос
Биберот содржи хемикалии кои ги иритираат мембраните на носот, создавајќи тенка слуз, така што вашите синуси може да се исчистат. Додадете околу пет капки масло од црн бибер и малку масло од еукалиптус во врела вода. Потоа вдишете ја пареата за да ги исчистите синусите и носот.
Помага при болки во мускулите
Опуштете ги затегнатите мускули масирајќи ги со масло од црн бибер. Црниот бибер се смета за „масло за затоплување“, бидејќи ја зголемува циркулацијата и топлината во областа каде што се нанесува.
Го подобрува варењето
Јадењето богато со бибер е добро за варење. Црниот бибер го подобрува варењето преку стимулирање на ослободување на хлороводородна киселина – желудочна киселина, што помага да се разложи храната.
Добар е за кожата
Црниот бибер има антибактериски и антиоксидантни својства кои помагаат да се исчисти кожата. Биберот, исто така, природно ја подобрува циркулацијата на крвта со отворање на порите и овозможува подлабоко чистење. Структурата на биберот, исто така, работи добро како пилинг.
Лечи исекотини
Црниот бибер лечи исекотини и престанува да крвари повреденото место. Има антибактериски својства и ја коагулира крвта. Се разбира, ако станува збор за сериозно сечење или тешко крварење, треба да побарате медицинска помош.