- Послушај го оној кој ќе те натера да плачеш, а не оној кој ќе те насмее.
- Мала е користа од очите ако умот е слеп.
- Подобро е на пријателот да му простите, отколку да го изгубите.
- Казната не поправа ниту една неправда, ама може да спречи стотици други.
- Делата сведочат за паметот на човекот, а зборовите за неговото знаење.
- Лагата понекогаш му е одвратна и на самиот лажго.
- Најдрагоцени се оние пријатели кои не ги познаваме.
- Бавноста доаѓа од Бога, а брзината од ѓаволот.
- Човек без воспитување е како тело без душа.
- Времето е господар на оние кои немаат други господари.
- Отвори ја устата само ако имаш да кажеш нешто поубаво од тишината.
- Онаму каде сонцето сјае цел ден се создава пустина.
- Ако се плашите од нешто – не го правете го; ако го правите – не плашете се!
- Мажите кои не им ги простуваат малите грешки на жените никогаш нема да уживаат во нивните вистински умешности.
- Армија овци предводена од лав ќе победи армија лавови предводена од овца.
МАЛА Е КОРИСТА ОД ОЧИТЕ АКО УМОТ Е СЛЕП- АРАПСКИ ЦИТАТИ
