МАСКА СО МЕД ЗА БЕСПРЕКОРНА КОЖА НА ЛИЦЕТО!

Чудесната моќ на медот е позната веќе со години. Поради неговите антибактериски и антисептички својства, медот е одличен во борбата со акните, но и со останатите кожни заболувања.

Она по што медот е дополнително познат, е тоа што тој на многу лесен начин може да ви помогне во борбата против првите знаци на стареењето. Овојпат, не е потребно мешање на медот со други намирници, туку е доволно да земете чист мед и да го ставите на лицето. Натопете едно памукче во млака вода, исцедете го и ставете го на лицето за да ви се отворат порите. Оставете го медот 20 минути на лицето и потоа нежно отстранете го со топла вода, а потоа измијте го лицето со ладна вода за да ви се затворат порите.