Ако постојано ве мачат прблеми со првутот, дефинитивно не сте единствени. Речиси секој човек некогаш во животот се соочува со овој проблем.
Првутот може да биде навистина здодевен, да ја намали самодовербата, но да предизвика и доста непријатно чешање. Првутот е состојба предизвикана од воспаление на скалпот. Оваа инфламација предизвикува црвенило и ронење на кожата околу влакната, проследено (не секогаш) со непријатно чешање.
Ви ја препорачуваме следната маска од јајце која може да ви помогне со проблемот со првутот.
Измешајте жолчка од јајце со две лажици маслиново масло, лажица млеко и малку лимонов сок. Оваа маска исто така помага и за зајакнување на испукнатите врвови. Освен овие придобивки вашата коса ќе прими витамин А кој се состои во јајцето и влијае врз побрзиот раст на косата.