Потребни состојки:
- 2 лажици кафе
- ¼ лажици цимет
- Доволно кокосово масло за да направите паста
- Ако имате исклучително чувствителна кожа, можете да ставите куркума наместо цимет.
Измешајте ги состојките и нанесете ја добиената паста со четка или прсти по лицето и вратот. Почекајте 10-15 минути и исплакнете со топла вода.
Направете го ова двапати неделно и ќе добиете чисто лице, без акни.
Тајната на оваа маска лежи во циметот, кој во комбинација со кафе го блокира азотен оксид, причина за поткожни воспалени акни и речиси целосно ги суши.
Циметот исто така содржи многу важни хранливи материи кои се одговорни за спречување на запушените пори, што исто така ги намалува воспалителните процеси на кожата предизвикани од микроорганизми.