МАСКА ЗА ЛИЦЕ ОД КАКАО И КИСЕЛО МЛЕКО

Какаото е богато со антиоксиданси, благодарение на кои се ограничени негативните ефекти на слободните радикали. Антиоксидансите помагаат да се поправат дел од штетите предизвикани од околината, стресот, нездравата исхрана, изложеноста на сончева светлина и многу повеќе.

Киселото млеко е одлично за негување и освежување на кожата на лицето и вратот, го подобрува тонот на кожата бидејќи делува како нежен пилинг. Нанесено на пределот на долниот очен капак, помага и во намалување на отокот и темните дамки. Домашните маски со кисело млеко се секогаш прекрасни.

За да го подготвите вашиот третман за разубавување, ќе треба да комбинирате 1 лажица какао во прав, 1 лажичка мед и 2 кисело млеко. Измешајте ги состојките. Маската се нанесува на лицето и се мие по 10-15 минути. Доколку е потребно, нанесете соодветна крема.