МАСКА ЗА ЛИЦЕ СО КАКАО

Кога слушаме „какао“, секогаш помислуваме на нашите омилени чоколадни задоволства. Но, квалитетното какао има низа придобивки за здравјето и убавината на нашата кожа, и ако го консумираме и ако го нанесуваме во форма на домашни маски.

Какаото е богато со антиоксиданси, благодарение на кои се ограничени негативните ефекти на слободните радикали. Антиоксидансите помагаат да се поправат дел од штетите предизвикани од околината, стресот, нездравата исхрана, изложеноста на сончева светлина и многу повеќе.

Антиоксидансите флавоноиди кои ги содржи се нарекуваат флаваноли. Западните студии покажуваат дека флаванолите помагаат во поправка на кожата.

Маска со мед и какао

Какаото и медот имаат антиоксидантни својства, го намалуваат оштетувањето од слободните радикали, го намалуваат ризикот од бактериски инфекции кои предизвикуваат мозолчиња. Медот има и навлажнувачки ефект.

За да ја подготвите оваа маска, комбинирајте 1 лажица какао во прав, прстофат цимет, 1 лажица мед. Сè добро измешајте. Запомнете дека е важно да ја нанесувате маската за лице на претходно исчистена и сува кожа. Оставете ја оваа маска од какао да делува околу 20 минути. По испирање со ладна вода, можете да нанесете соодветна козметика.