МАСКИ ЗА СУВА КОЖА НА ЛИЦЕ

1. Испасирајте една банана со една лажица мед. Нанесете на лице и оставете ја 20 минути, потоа исплакнете со ладна вода.


2. Во една лажица палента додајте две лажици маслиново масло. Убаво измешајте и нанесете на лице, нека делува 20 минути.
Измијте со млака вода.


3. Измешајте по една лажица какао, мед и млеко. Маската нанесете ја на лице и држете ја 15 минути. Исплакнете со млака вода, па со ладна. Оваа маска и ја враќа влагата на кожата.