Дали вашиот маж престанал да ве сака по некоја причина? Тоа многу јасно може да се забележи преку неговото однесување во кревет. Овие сигнали не се однесуваат само на сексот – во спалната соба можат да се откријат многу показатели дека нешто со неговите чувства повеќе не е во ред. Знаците се доволно јасни, потребно е само да обрнете внимание на нив.
1. Останува буден до доцна
Кога постојано наоѓа изговор да не легне заедно со вас, тоа е показателно. Ако седи до доцна да гледа телевизија, да игра игри на компјутер, да чита книга или да гледа филм – но секогаш сам – тоа говори за избегнување на близината со вас.
2. Престанавте да имате интимни односи
Најочигледниот знак дека мажот ја изгубил љубовта е неговата незаинтересираност за секс – и тоа во подолг временски период. Доколку покрај тоа одбива и разговор за темата, ситуацијата станува уште поалармантна.
3. Не ви посакува „лека ноќ“
Ако веќе не се труди ни да ви каже „лека ноќ“, тоа е сериозен сигнал. Во блиските односи, а и воопшто меѓу луѓето, е природно да си посакуваме „лека ноќ“. Кога исчезнува и оваа мала форма на нежност, љубовта е доведена во прашање.
4. Престанал да ви вели „те сакам“
Истото важи и за оваа фраза. Ако сè поретко или воопшто не ви вели дека ве сака, тоа може да значи дека навистина не чувствува исто кон вас.
5. Постојано скрола на телефонот
Кога легнувате заедно, а тој ви врти грб и наместо внимание кон вас – скролува на телефонот, гледа клипови, чита вести или чатува со пријатели – тоа е јасен знак дека вие сте престанале да му бидете приоритет.
6. Легнува лут
Иако нервозата не мора секогаш да е знак на недостаток на љубов, ако постојано се лути на вашите зборови или постапки и легнува налутен и оддалечен, тоа говори дека чувствата му избледеле.
7. Претпочита да гледа телевизија сам
Кога наместо да биде со вас навечер, тој избира да се изолира и да гледа телевизија сам, тоа укажува на губење интерес и емоционално оддалечување.
8. Работата му е на прво место
Некои мажи „се кријат“ зад работата кога повеќе не ја сакаат својата сопруга. Прекумерното останување на работа или изговорите дека има премногу обврски се начин да избегне време со вас и да го сведе на минимум интимниот и емоционалниот контакт.
9. Емоционално е дистанциран
Го чувствувате како далечен и студен. Не споделува ништо лично, не зборува за подлабоки теми, туку само за секојдневни обврски – кој ќе изнесе ѓубре, што треба да се купи за вечера. Не прашува како сте поминале, што сте доживеале или како се чувствувате. Тоа е класичен знак на емоционална дистанца, која најчесто произлегува од недостиг на љубов.
10. Физички се оддалечува од вас
Во кревет, несвесно или свесно, почнува да спие на најоддалечениот крај од креветот. Ова е подсвесен начин да се оддели од личноста која веќе не ја чувствува блиска. Некои мажи дури избираат да заспијат на каучот, гледајќи филм, наместо покрај сопругата.