Машкиот шарм е нешто што е многу тешко да се опише со зборови, но честопати малите нешта што го прават мажот посебен и едноставно неодолив придонесуваат за тој скриен сексапил.
- Тoj има стомак
Дури две третини од испитаните жени во една анкета потврдија дека популарните „плочки“ на нивните стомаци не се толку секси како што велат тие. Имено, жените изјавија дека претпочитаат да гледаат природен стомак кој опишува „нормално“ момче кое не е опседнато со огледалото, кревајќи тегови и протеини. Умереноста секогаш функционира. - Доцни со бричење
Млада брада, стара само еден ден, е вистинска мамка за припадничките на понежниот пол. Не станува збор за брадата како таква, туку во малку бунтовниот и многу лежерен изглед на маж кој со соодветна облека и малку „дечко“ став, едноставно вреска со сексапил. - Знаци на стареење
Истражувањето исто така потврдува дека жените ја сметаат сивата коса многу секси. Иако денес се повеќе мажи посегнуваат по боја за коса за да ги сокријат првите знаци на стареење, жените побрзо ќе изберат „сив“ маж отколку вештачки изглед кој не може да остане незабележан … Истото важи и за секси ќелавите мажи …