МАЖОТ СО КОЈ ИЗЛЕГУВАМ ИСЧЕЗНА…

Еве едно сценарио кое можеби звучи познато. Веќе неколку недели или месеци се забавувате со симпатичен и сериозен тип. Се чини дека сте полн погодок – одлично се забавувате заедно, се смеете, имате заеднички интереси. Сè додека еден ден не се случува нешто чудно – тој одеднаш едноставно исчезнува… Престанува да одговара на вашите повици, вашите пораки, ве блокира на сите социјални мрежи… Ваквото негово однесување може да започне и на друг начин – малку по малку чувствувате дека нешто се случува, тој станува ладен и се оддалечува од вас, додека конечно – целосно го снемува… Се чувствувате збунето, почнувате да си го поставувате прашањето: „Што се случува“. Кои би можеле да бидат причините за ова чудно однесување?

Тој се чувствува под притисок
Понекогаш ние жените имаме склоност да брзаме со плановите за иднината, што може да го натера мажот до нас да побегне. Доброто време заедно и забавата не секогаш значи дека вашата врска има иднина. Можеби тоа е само тоа – неколку прекрасни недели или месеци од вашиот заеднички живот, а потоа ќе тргнете по својот пат. Веројатно ви дал сигнали за ова, но вие не ги забележавте, бидејќи бевте многу заљубени во него. Извлечете ги вашите заклучоци и продолжете со вашиот живот. Не правете грешка да копате и удирате со главата, да поминувате непроспиени ноќи прашувајќи се што не е во ред со вас. Наместо тоа, сфатете ја ситуацијата како едно ново искуство.

Мажот не сака сериозна врска
Иако се труди за вас, можно е се што сака да е само секс. Ова ќе го знаете многу јасно ако целото внимание, повици, состаноци и прекрасно време поминато заедно одеднаш исчезнат откако имате секс. Некои мажи се многу вешти во овој период на додворување, но за жал, губат интерес откако ќе ја постигнат својата цел.

Погрешно време
Излегувате во врска со маж кој силно ве привлекува, а исто така и вие него. Состаноците се одлични и полни со забава, а сепак – тој исчезнува. По некое време го гледате истиот маж – тој веќе е во сериозна врска и се чини дека другата дама е жената на неговиот живот. Зошто таа, а не вие? Одговорот можеби е многу едноставен – времето не му било соодветно. Понекогаш неколку месеци или една година може да биде време потребно за да сфатите што точно сакате.

Тој има друга жена
Боли да се признае, но за жал, понекогаш мажите се лажговци. Тие можат вешто да сокријат паралелна врска, па дури и брак. Друг пат, тие смело признаваат за нивната врска на првиот состанок, кој понекогаш наместо да биде одбивен, може да биде дури и заводлив. Брачните односи може да бидат причина за неговото ненадејно исчезнување. Не жалете за овој развој. Не би сакале да имате таква личност околу вас. Судбината ти направила услуга!