МОЌНИ ЦИТАТИ ОД КИЈАНУ РИВС

Ова се само дел од неговите мудри мисли.

  • Ако може да насмееш жена, тогаш го гледаш најубавото нешто на Земјата.
  • Мора да го промениш животот ако не си среќен и да се разбудиш ако работите не одат онака како што ти сакаш.
  • Секоја борба во твојот живот те формира во личноста што си денес. Биди благодарен за тешките времиња, тие те прават посилен.
  • Бакнувањето некого е прилично интимна работа. Всушност, многу интимна, а твоето срце секогаш пропушта едно отчукување пред да го направиш тоа.
  • Понекогаш непријателите се нашите најдобри наставници, луѓето можат да научат од нивните грешки, деструкцијата понекогаш значи повторно раѓање.
  • На крај, мислам дека сите можеме да се согласиме дека дури и во лицето на трагедијата, една ѕвездена личност може да напредува. Без оглед на она што се случува во вашиот живот, можете да го надминете. Животот е вреден да се живее.
  • Верувам во љубов на прв поглед. Ја сакате таа поврзаност, а потоа сакате и проблеми.
  • Утрешниот ден не ви е загарантиран, затоа живејте денес!
  • Понекогаш едноставните работи се најтешки за постигнување.
  • Тагата ја менува формата, но никогаш не завршува.
  • Уметноста е обидот да се најде доброто во луѓето и да се направи светот почувствително место.
  • Вљубувањето и врската со некој се две различни работи.
  • Бев воспитан да ги третирам луѓето токму онака како што јас би сакал да бидам третиран од другите. Тоа се нарекува почит.
  • Мултикултурата е вистинската култура на светот – не постои чиста раса.
  • Моќно е да знаеш дека твојата иднина е во твои раце.
  • Никој од нас не излегува жив од сето ова, па ве молам, престанете да се третирате како последица. Јадете вкусна храна. Шетајте на сонцето. Скокнете во океанот.
  • Понекогаш толку сме зафатени со секојдневниот живот, што забораваме да создадеме време за да уживаме во убавината на животот. Како да сме зомбиња. Погледнете нагоре и извадете ги слушалките. Кажете „здраво“ некому или прегрнете некој на кого му е потребна прегратка.
  • Секогаш ќе бидам заљубен во љубовта.
  • Добриот состанок со некоја личност е кога ќе се „затруете“ со неговото/нејзиното друштво и сè станува добро во светот.
  • Кога не се чувствувам слободно и не можам да го направам она што сакам да го направам, само реагирам. Одам против него.
  • Обидете се да згрешите некогаш, ќе биде добро за вашето его.
  • Едноставниот акт на обрнување внимание може да ви даде придобивки.
  • Ако сте биле брутално скршени, но имате храброст да бидете нежни кон другите живи суштества, тогаш сте мангуп со срце на ангел.
  • Претпоставувам дека животот без љубов, без да ја искусам или да ја дадам, е доста силна казна.
  • Им се заблагодарувам на земјата и небото секој ден за можностите што ги имам.
  • Забавно е да се биде безнадежно заљубен. Опасно е, но и забавно.
  • Нашите соништа можат да нè научат, да нè поучат, да нè збунат, понекогаш тие треба да се земат предвид. Тие се можност и мислам дека најверојатно би можеле да се искористат за фокусирање, обидување и постигнување.
  • Личноста што ме одделуваше од среќата бев самиот јас.