МОЖЕТЕ ЛИ ДА ВЕРУВАТЕ ДЕКА МОЖЕТЕ ДА ИЗГУБИТЕ ТЕЖИНА ДОДЕКА СПИЕТЕ?!

Колку би било добро да се комбинира корисното со пријатното – спиење со слабеење. Излегува дека ова е сосема можно. Секако, без правилна исхрана и вежбање нема брзо да го постигнете резултатот кон кој се стремите. Сепак, точно е дека слабееме додека спиеме. Соодветниот сон го регулира метаболизмот, а токму на овој начин можете да се справите со вишокот килограми.

Додека спиеме, согоруваме помеѓу 50-60 калории. За тоа да се случи потребно е да имате здрав и квалитетен сон, минимум 8 часа, кои се задолжителни часови на целосен сон. Добро е да си легнете пред полноќ. Тогаш почнуваат да се одвиваат метаболичките процеси во телото. Ако спиеме помалку од 5 часа, се произведува хормонот грелин, кој го поттикнува апетитот и ја зголемува синтезата на друг хормон, кој има задача да ги регулира метаболичките процеси.

Доколку не успеете да му обезбедите на телото доволно сон, тоа ќе ги забави процесите што се случуваат во мозокот. Ако ви недостасува сон, побрзо се уморувате и често посегнувате по штетната брза храна.

Се препорачува температурата во просторијата во која спиете да не биде поголема од 20 степени. Подобро е да не пиете или пушите пред спиење, бидејќи го отежнува заситувањето на мозокот со кислород. А тоа се супстанции кои го држат мозокот буден, исто како кафето и црниот чај. Што се однесува до исхраната, вечерајте најмалку 2-3 часа пред спиење за да може организмот да ја преработи и асимилира храната. Ова не важи за луѓе со дијабетес.

Не јадете храна богата со јаглехидрати и калории. За вечера не се препорачува пржена храна, мрсно месо и тестенини. Јадете нешто полесно – салата, јогурт, риба, храна со влакна и лесни протеини. Овошјето треба да се јаде за појадок бидејќи содржи гликоза, на која и треба време да се вари. Ако испиете чаша јогурт пред спиење, ќе го подобрите метаболизмот и ќе обезбедите правилен сон и мирен стомак. Добро е да се губи телесната тежина додека спиете, но да не се потпираме само на ова во нашата потрага да изгубиме тежина. Вежбањето, пешачењето, активноста и правилната исхрана се основа за слабеење. Држете се и до нив. Секако, спијте најмалку 8 часа и обидете се да воспоставите режим на легнување и станување. Така телото ќе се навикне и полесно ќе ги извршува своите функции.