МЖИТЕ КОИ ИСЧЕЗНУВААТ ПО ПРВИОТ СЕКС: ПЕТ ПРИЧИНИ ЗОШТО ГО ПРАВАТ ТОА

Иако не е лесно, жената не треба да сфаќа премногу лично што и се случило маж да изгуби интерес за неа после секс. Тоа само покажува дека тој не бил за неа од самиот почеток и подобро е што го нема сега отколку по десет години лоша врска.

Како што некои би рекле „морето е полно со риби“ и некаде сигурно има маж кој ќе сака жена со цело срце и ќе биде среќен што е негова, не само поради сексот туку и поради тоа каква е таа внатре.

Пет причини зошто некои мажи губат интерес после секс:

1. Не го интересирало ништо друго освен секс

Има и такви кои би направиле се за да стигнат до жена која ќе им падне во очи и ќе ја однесе во кревет. Но, по страсна ноќ, тие губат интерес бидејќи тоа веќе не е предизвик за нив. Го добија тоа што го сакаа, го „фатија пленот“, го нахранија егото и продолжија понатаму.

Тоа не се случило затоа што одредена жена била лоша во кревет или нешто не е во ред со неа, туку наишла на површен маж.

2. Мислел дека е заљубен, па сфатил дека не е

Меѓутоа, понекогаш се случува после секс да добијат чувство дека се со странец, дека навистина не ја познаваат таа жена и ’пеперутките’ исчезнат од нивниот стомак. Тие всушност ги мешаат чувствата на страст и страст со занес.

3. Едноставно нема сексуална привлечност

Понекогаш мажот и жената можат да бидат многу привлечни еден за друг, можат да разговараат за се, да имаат исти интереси и слично. Меѓутоа, кога станува збор за сексот, тие сфаќаат дека меѓу нив нема никаква сексуална привлечност, односно дека сексот им е просечен.

Некои мажи тогаш ќе изгубат интерес (како и некои жени) и нема да сакаат да одржуваат таква врска.

4. Се исплашил затоа што врската станала премногу сериозна

Мажите понекогаш исчезнуваат од животот на партнерката затоа што се плашат од патот по кој оди врската. Жената се заљубува во нив по првиот секс, станува премногу сериозна, а тие не се подготвени да се обврзат, па претпочитаат да бегаат.

Можеме да ги наречеме кукавици, но подобро да си заминат, бидејќи ако не се подготвени за сериозна врска – и онака таа врска не би траела долго.

5. Не сите врски се предодредени на долг рок

Моментот кога мажот и жената стануваат сексуално интимни е моментот кога некои работи се кристализираат. Некои врски траат и после тоа, но некои се осудени на пропаст, бидејќи партнерите сфаќаат дека едноставно не се еден за друг, открива „The Earth Child“.