НА ШТО МИСЛАТ ЖЕНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА СЕКС?

Ако досега, драги мажи, сте биле убедени дека вашите партнерки мислат само на вас за време на сексот – знајте како живеете во вистинска заблуда.


Имено, резултатите од некои истражувања покажаа дека жените за време на сексот размислуваат за холивудски убавеци, поранешни љубовници, порно сцени, па дури и шопинг намирници!

„За време на сексот, често собирам список за шопинг во мојот ум, размислувам за чевлите што сакам да ги купам и валканите алишта што треба да ги мијам“, признава 34-годишната испитаничка.

Истражувањата покажаа дека жените често размислуваат за мажи со кои би сакале да водат љубов за време на сексот.

„Иако го обожавам својот сопруг, едноставно не можам да престанам да размислувам за мажите за кои тајно сонувам, како Бред Пит и Хју Џекман“, објаснува 28-годишната учесничка во истражувањето.

Се прашувате зошто некои жени размислуваат за сè и сешто за време на сексот? Експертите тврдат: затоа што им е досадно! Ако мажот не и пружи целосно задоволство на својата дама во кревет – таа неизбежно ќе помисли на други работи.

Затоа, драги мажи, вистинско време е да се фатите за „работа“ и да научите да ја задоволите вашата дама.