НАЧИНИ КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ЉУБОМОРАТА ВО ВРСКАТА

Љубомората е едно од најнормалните и највообичаени човечки чувства, кое се манифестира претежно кон другата половина, но и во голем број други случаи што се однесуваат на блиски и не толку блиски луѓе. Таа е тивок убиец на врската, особено ако е во особено големи размери.

Љубомората може да се појави не само во личните односи, туку и во професионални, пријателски, семејни односи. За да се справите со тоа, треба да работите на подобрување на емоционалната интелигенција со тоа што прво ќе ја препознаете љубомората, ќе ги разберете нејзините механизми и ќе научите да управувате со вашите емоции.

За многу луѓе, љубомората се манифестира како завист. Љубомората и зависта се многу слични емоции, но сепак постои значајна разлика меѓу нив. Кога се чувствувате љубоморно, гледате личност или околност како добива внимание, целосна посветеност од партнерот или друга личност во вашиот живот.

Кога се чувствувате многу љубоморно, вашите реакции може да доведат до влошување на односите со личноста на која сте љубоморни, особено во врска.

Еве неколку начини за справување со љубомората и нејзините манифестации.

Признајте дека сте љубоморни

Една од најтешките работи е да сфатите дека сте љубоморни. Признавањето љубомора е првиот чекор кон справување со ова отровно чувство. Пред сѐ, важно е да сфатите дека љубомората не ве прави лоша личност. Едноставно, предизвикува лавина од многу широк спектар на емоции што ве мачат внатрешно, и во одреден момент стекнуваат надворешна манифестација преку реакции, зборови. Негирањето на фактот дека сте љубоморни ќе ве спречи да се справите со ова чувство, што ќе ја отруе вашата врска со текот на времето. Ќе ве стави во маѓепсан круг што ќе ја зголеми тензијата помеѓу вас и вашиот партнер.

Откријате ги вашите неискажани чувства и потреби



Веројатно не постои врска која е целосно отворена и во која двајцата партнери ги изразуваат своите потреби и мисли. Кога мислите и чувствата остануваат потиснати и неизговорени во умот, може да се појави љубомора кон трето лице. Ако се чувствувате недоволно ценети, згрижени, сакани и не го добивате вниманието што ви треба, љубомората може да ви се вгнезди во умот и постојано да ве скокотка.

За да се справите со ова, можете да се обидете прво да си ги разјасните работите што ви се потребни, но не му ги кажавте на партнерот. Искреноста во односите помага во голема мера да ја смирите љубомората и да се справите со неа.

Разговарајте за вашите чувства со вистинските луѓе

Кога споделувате такви деликатни информации како чувствата и емоциите во врската, тоа мора да го направите пред вистинските луѓе. Ако зборувате за љубомора, потиснати емоции и вашите потреби со надворешни лица, тоа потенцијално може да ја оштети вашата врска. Обрнете посебно внимание на вашиот партнер и бидете искрени со него.

Пазете се од донесување итни одлуки и избрзани изјави

Секогаш кога сте погодени, вашите реакции може да бидат премногу непромислени и да ве натераат да кажете работи за кои ќе зажалите. Пребројте до 10, дишете длабоко и обидете се да се смирите пред да кажете нешто што може да ја влоши ситуацијата. Гневот и љубомората не се добри советници во моменти на афект. Поверојатно е дека ќе се каете потоа.

Ако успеете да ја избегнувате вашата желба да реагирате на секоја прилика на љубомора, ќе ви биде полесно да живеете во хармонија пред сѐ со себе, а потоа како дел од врската со партнерот. Изразувањето и задоволувањето на личните потреби се активности во кои учествуваат двајцата партнери. Надминувањето на љубомората во врската ќе ја зголеми довербата меѓу вас и ќе направи да се чувствувате посигурни.