НАЧИНИ КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД МАНИПУЛАТОРИ

1. Не ја примајте манипулацијата

Обидете се да направите енергетски штит кој нема да дозвили да се извалка вашата аура, енергијата да ви биде нарушена, а чувствата повредени.

2. Поставете јасни граници

Бидете подготвени да му ги покажете границите на манипулаторот. Важно е да му ставите јасно до знаење дека не сакате да бидете учесник во манипулативни игри.

3. Одложете го одговорот

Доколку во животот приметите знаци на манипулација, важно е да ја одложите реакцијата. Оставете ја да “преспие”. Одложете го одговорот додека не размислите добро и не се осигурате дека не сте под лупа на манипулатор.

Манипулацијата може да биде и еден облик на насилство. Во таков случај жртвата треба да побара стручна помош.