Во сезоната на настинки добро е да си го зајакнеме имунитетот. Но, како да го направите тоа со природни средства? Ви го претставуваме најефективниот рецепт за силен имунитет.
Ќе ви требаат:
околу 4-5 чешниња лук, грубо сецкани
1 лимон
1 лажица ѓумбир (рендан)
1 чаша јаболков оцет
1 чили пиперка, крупно сечкана (ако имате нетолеранција на чили, прескокнете ја оваа состојка)
Еве како да ја подготвите смесата:
Ќе ви треба едена тегла каде што ќе ги наредите состојките вака: го додавате сечканиот лук во еден слој, потоа чили и ѓумбир, потоа сокот од лимон и завршувате со јаболков оцет.
Добро затворете ја теглата. Треба да се чува на темно и ладно место.
Јадете една лажица за да го зајакнете вашиот имунолошки систем.


