Роден е на 15 септември 1946 година во малото гратче Сан Саба во Тексас. Завршил средно училиште во Сент Марк во Тексас и потоа отишол да студира во Харвард, каде негов цимер бил 45-тиот потпретседател на Америка, Ал Гор. Дипломирал со голем успех во 1969 година и добил диплома за англиска литература.
Заминал во Њујорк, каде станал актер. Почнал да глуми на Бродвеј, а своето филмско деби го имал во 1970 година со филмот Љубовна приказна. Во 1983 година ја добива наградата „Еми“ за најдобра машка улога за неговата изведба во „Песната на џелатот“.
Во 90-тите години, тој заработил десетици милиони долари од филмови како „Бегалецот“ со Харисон Форд и „Мажите во црно“ со Вил Смит. Добил Оскар за најдобра споредна машка улога за улогата во Бегалецот.
Погледнете дел од неговите најдобри филмови:
The Fugitive
Lincoln
Hope Springs
Men In Black
The client