Бикот сака романтика и сонува за вечери со вино, свеќи и добра музика. Овие сензуални љубовници размислуваат за своите одлуки, но штом ќе одлучат дека вие сте вистинските за нив, ќе ви бидат лојални до крај. Сигурниот и лесен Бик сака нежен секс, но всушност кога се опушта е многу див и страстен.
Сексуално компатибилни знаци: Девица, Јарец, Рак, Скорпија, Риби
Работи што ги палат: Биковите сакаат необични работи, сакаат играчки, но без да претераат. Ако сакате да ги натерате да ве посакуваат уште повеќе, пуштете убава музика, запалете свеќи, ставете сатенски чаршафи и покажете им дека ги сакате.
Што не им се допаѓа: Биковите мразат груб секс, затоа бидете внимателни и нежни. Не сакаат ниту улоги во љубовната игра, па подобро да не се дотерувате како полицаец/полицајка – нема да бидете успешни.