Лошиот здив никому не му помогнал во општествениот живот, иако честопати неговиот носител и самиот не може да го почувствува. Истражувањата покажуваат дека околу 50% од луѓето страдаат од него, додека 95% доживуваат халитоза (медицински термин за лош здив) од време на време.
Доколку на забите ви остане храната што сте ја конзумирале во текот на денот, таму почнуваат да се развиваат бактерии поради нејзиното распаѓање.Затоа , добро измијте ги забите пред спиење и не пропуштајте го јазикот, кој исто така е гостољубив за бактериите. Инаку, знаете што ве чека наутро.
Хидратацијата е исто така многу важна, затоа пијте многу вода бидејќи кога устата е сува, нема што да ги измие бактериите и тие остануваат таму многу подолго.
Имајте на ум дека кафето, алкохолот, пушењето и одредени лекови, исто така, можат да ја исушат устата и на тој начин да предизвикаат типичен здив на оние кои ги консумираат. Лошиот здив може да се отстрани козметички со џвакање суров кардамон или нане, или пиење црн, зелен или билен чај (нане).
Ако состојбата опстојува и постојано ви треба миење на устата како привремено козметичко решение, веројатно има повеќе од лошата орална хигиена. Затоа консултирајте се со вашиот стоматолог.


