НАЈУБАВИТЕ ЦИТАТИ ОД ФРАНЦУСКИОТ ПИСАТЕЛ ГИЈОМ МИСО

Роден е во 1974 година во францускиот град Антиб. Уште како дете читал многу книги и бил сигурен дека еден ден ќе пишува романи.

Кога го завршил средното образование во Франција, Гијом на 19 години заминува во САД. Престојувал неколку месеци во Њујорк, каде живеел со други странци, заработувајќи така што продавал сладолед. Во Франција се вратил, со многу идеи за пишување на книги. Читателите во неговите книги можат да го забележат влијанието на неговиот престој во Соединетите Американски Држави, поради дејствијата што се одвиваат токму таму.

Неговата прва објавена книга е „Skidamarink“ (2001), трилер кој започнува со кражба на Мона Лиза од Лувр. По тешката сообраќајна несреќа која ја имал, започнува да се интересира за искуствата на луѓето кои биле близу смртта и по тој повод ја пишува својата следна книга „А потоа“ (2004), за човек кој се враќа од мртвите. Книгата е продадена во милиони примероци во Франција, а преведена е на 23 јазици.

Во 2009. година, Гијом Мисо беше втор најпродаван автор во Франција, а во 2011. беше трет автор по број на продавани книги од 2008, веднаш по Стефани Мајер и Харлан Кобен. Досега неговите книги се преведени на 34 јазици и продадени се во 11 милиони примероци ширум светот.

„И со последниот здив сфаќам сѐ: Дека времето не постои, дека животот е единственото што го имаме, дека никогаш не треба да го презираме, дека сите ние сме едно и дека најважното секогаш ќе ни бега.“

„Бев толку блиску до тебе, што ми е толку студено кога сум покрај други.“

„Судбината е изговор за оние што одбиваат да ја преземат одговорноста за сопствениот живот.“

„Најубавите години се оние кои допрва треба да се доживеат.“

„Би сакал да можам повеќе да ви помогнам, да ви помогнам да го пронајдете вистинскиот пат кој води од мракот и од незнаењето во кое творите. Но ќе морате самите да го пронајдете тој пат. Мудроста никогаш нема да ја добиете на чинија. Да е поинаку, тоа не би била мудрост.“

„Постојат работи чиј тек не можеме да го спречиме. Тоа што мора да се случи, ќе се случи, без обѕир на сите наши обиди да го спречиме.“

„Понекогаш мора да ја свртиме страницата за да можеме на наредната да напишеме нешто ново.“

„Светот нема да ти подари ништо, верувај ми. Ако сакаш да имаш живот, укради го.“

„Ако ги погазиме сопствените вредности, сме погазиле сѐ.“