НАЈУБАВИТЕ МИСЛИ НА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ – „НЕМОЈ ДА СОНУВАШ ДЕКА НЕШТО ЌЕ ОСТВАРИШ, ТУКУ ОСТВАРИ ГО ОНА ШТО ГО СОНУВАШ.“

Нејзините зборови и мисли ќе останат овековечени во големиот број познати хитови испеани од познати балкански изведувачи, а во последниот период своите мисли редовно ги објавуваше на Инстаграм.

Еве некои од нејзините пораки:

„Ако сакате да бидете нечија иднина, немојте да копате по неговото минато.“

„Луѓе како луѓе. Го прифаќаат она што не го сакаат, а жалат за она што го сакаат.“

„Никој не е должен да ве сака. Никој нема право да ве навредува.“

„Колку човекот е поевтин, толку повеќе сака да покаже скапи предмети.“

„Можеби луѓето не знаат доволно за себеси, но затоа за другите знаат сè.“

„Секој го упропастува својот живот онака како што мисли дека е најдобро.“

„Илјада желби нема да променат ништо, една одлука ќе промени сè.“

„Во еден ден се раѓаш. Во еден ден умираш. Во еден ден се вљубуваш. Во еден ден ја запознаваш личноста што ќе ти го промени животот. Сè се случува во еден ден.“

„Додека човекот се преправа дека е она што не е, во него умира целата убавина на тоа што тој е.“

„Понекогаш помалку умираш… Па продолжуваш како да не било ништо.“

„Најлошото е што човекот секогаш смета дека го прави она најдоброто. Потоа најдоброто станува најлошо.“

„Кога и да ми рекле дека нешто не можам, секогаш помалку ги поместував границите.“

„Сите имаат по некој проблем. Особено оние што сметаат дека го немаат.“

„Секогаш во прв план ставате дека богатите добиваат премногу. Наместо да се грижиме за тоа дали сиромашните ќе добијат доволно.“

„Во еден ден се раѓаш. Во еден ден умираш. Во еден ден се вљубуваш. Во еден ден ја запознаваш личноста што ќе ти го промени животот. Сè се случува во еден ден“