НАПРАВЕТЕ СИ САМИ: ОГЛЕДАЛО СО ПЛАСТИЧНИ ЛАЖИЦИ

За да го направите потребни ви се бели/проѕирни пластични лажици, силиконски пиштол, картон, ножици, селотејп, спреј во боја и мало тркалезно огледало. Секако, доколку не сакате огледалото да биде тркалезно, тоа можете да го направите во друга форма и боја.

Прво, исечете круг од тврд картон. Ако има дијаметар од 55 cm, внатрешниот круг не треба да биде помал од 30 cm. Потоа залепете ги рабовите за да ја направите основата на огледалото постабилна.

Исечете ги рачките на лажиците и почнете да ги лепите со врел силикон, како што е прикажано на фотографијата.

Откако ќе ги залепите сите лажици, испрскајте ги (за да биде погуста бојата, повторете). Почекајте бојата добро да се исуши пред да ги закачите огледалото и куката на која ќе ја закачите на ѕидот со силикон.