Претпочитаните бои во облеката, покуќнината, па дури и бојата на автомобилот откриваат многу за желбата за секс.
Црвената симболизира страст. Луѓето кои ја сакаат оваа боја знаат да уживаат во сексот и физичкиот контакт. Тие се склони кон блага агресија кон спротивниот пол. Ако и двајцата партнери сакаат црвено, тие често експериментираат и пробуваат нови работи.
Жолтата боја зборува за добро управуван сексуален нагон, а во кревет доминантна улога има другиот. Луѓето кои ја сакаат жолтата боја никогаш не одбиваат туѓа иницијатива и ретко ја наметнуваат својата волја.
Зелената е омилена боја на нежни и чувствителни луѓе. Жените секогаш имаат секс како да им е прв пат, а мажите секогаш се подготвени да ги исполнат желбите на партнерката. Овие луѓе се верни на партнерот и тешко се впуштаат во нови сексуални авантури.
За луѓето кои ја сакаат сината боја, сексот е уметност. Мажите се како пијанисти, лесно го истражуваат женското тело и внимателно ги слушаат потребите на своите партнерки. Дамите уживаат во предиграта исто како и сексот.
За љубителите на виолетова боја сексот е губење време. Дамите повеќе се грижат за косата отколку за тоа дали партнерот ужива во сексот. Мажите на сексот му пристапуваат како на обврска и не ги слушаат туѓите желби.
Луѓето кои ја сакаат сивата боја се колебливи и несигурни љубовници. Ним им треба многу време за да донесат одлука и тешко се преземаат обврски. За нив сексот е начин за задоволување на потребите и ретко претставува задоволство.
Љубителите на розовата боја се склони кон флерт и неверство. Жените честопати повеќе ветуваат отколку што испорачуваат. Тие се незрели во односот со партнерот. Мажите имаат тенденција често да ги менуваат своите партнерки и среќно се впуштаат во нови авантури со непознати дами.
Луѓето кои ја сакаат портокаловата боја сакаат да ја разгоруваат фантазијата на својот партнер. Предиграта и нежните допири се исто толку важни како и самиот чин.