Направете си услуга: ако чувствувате дека не ве почитуваат на одредено место – заминете. Не голтајте до бесконечност кога некој ја омаловажува вашата личност!
Ставот е многу мала работа, но од голема важност. Тоа е малото камче кое може да го преврти автомобилот.
И не е важно колку сакаш. Штом треба да се газиш за доброто на другиот, тоа не е љубов.
Кога љубовта е вистинска, не боли.
Се прашувате како може да ви се случи ова. Како се беше совршено, до таа секунда кога нешто ќе кликне во тебе и ќе те натера да тргнеш настрана. Да ја гледаш ситуацијата како случаен минувач и да видиш се. Одеднаш толку многу те боли што се чувствуваш како да не сакаш да бидеш таму ни за момент подолго.
И доаѓа нешто како ветер што разнесува сè.
Го дува минатото, ја разнесува иднината… ја дува и љубовта. Се чини дека секогаш доаѓа на време. Токму во вистинските моменти за да ве заштити од поголемата бура која ќе испрати парчиња од вас насекаде…
И ќе ви покаже дека е време да заминете!