Кога станува збор за сексуалните односи, светот е опседнат со тоа колку често, колку долго, кога и каде… Сепак, за проблемот со кој се соочуваат многу луѓе по сексот ретко се зборува. Тоа може да биде многу фрустрирачко и застрашувачко искуство за нив.
Зошто се појавуваат овие чувства?
Се вели дека сексуалниот однос влијае на чувството на среќа и поврзаност со партнерот, но не е секогаш така. Експертите го нарекуваат посткоитална дисфорија (ПЦД) или посткоитална тага, а ќе го најдете и терминот посткоитален блуз. Се манифестира како тага, чувство на празнина, вознемиреност и општа меланхолија. Тоа може да се случи до два часа по сексуалниот однос.
„Не е невообичаено човек да се чувствува тажен после секс. Тоа не е нужно поради траума или затоа што се кае за чинот – тоа не значи дека нешто страшно се случува“, изјави Дениз Ноулс, сексуален терапевт и советник за односи.
Сексуалноста е многу интимен чин, а кога ќе доживеете оргазам во телото се ослободуваат многу хормони кои обезбедуваат благосостојба и чувство на среќа и поврзаност. Нивото на овие хормони почнува да се намалува веднаш по оргазмот, а кога ќе се смират хормоните кои го создале чувството на интимност, доаѓа до чувство на меланхолија.
Ова може да ја растажи жената, а и некои мажи. Студијата покажа дека дури 46 отсто од 230 жени барем еднаш по сексуалниот однос доживеале посткоитална дисфорија (ПЦД). Ниту мажите не се ослободени. Една студија на мажи покажа дека 42 отсто од мажите го имале ова искуство. Во истражувањето учествувале 1.208 мажи. Истражувачите откриле дека блискоста во врската немала никакво влијание врз ова.
Дали ова значи дека нешто не е во ред со вашата врска?
Иако се потребни повеќе истражувања, некои експерти се согласуваат дека ова е веројатно еволутивна функција и дека нема ништо лошо во тоа. Како постапувате е важно – на партнерот што го доживува тоа му треба сочувство, а другата страна треба да знае дека не направила ништо лошо. Затоа е важно да се зборува за тоа.
Д-р Ноулс истакнува дека состојбата бара малку повеќе внимание доколку се случува редовно и често. Особено ако овој проблем предизвикува расправии и секој пат сте многу вознемирени, ситуацијата треба да се испита. Може да биде и подлабок проблем. Може да се должи и на проблеми во врската, а не на самата сексуална врска. Можеби несвесно не сакате да имате секс. Или тоа се уште подлабоки рани, од детството, поврзани со интимност. Во такви случаи, консултација со терапевт може да ви помогне.