Наидов на цитат пред некој ден: „Ако ти се врати, твое е, ако не, никогаш не било твое“. И тоа ме натера да размислувам.
Поради некоја причина, мажите од моето минато секогаш се обидуваат да се вратат во мојот живот.
Секој маж што го запознав беше различен од другите и секој имаше своја причина зошто раскинавме. Можеби се чувствуваа неподготвени за исполнета врска, можеби сакаа да чекаат подобри времиња или можеби сфатија дека не можат да ми обезбедат сè што сакам. Можеби помина доволно време и сега се чувствуваат подготвени. Можно е сега навистина да се водени од искрено чувство. Но, не ми е гајле затоа што мораа да останат додека бев со нив. Затоа, сега нивните зборови и постапки веќе не се важни.
Овие луѓе влегоа во мојот живот само накратко за да бидат во моето срце, да го истражат моето тело, да си играат со мојот ум и да остават горчлив вкус во мојата уста . Ми го скршија срцето и испаруваа и не им беше грижа. Тие останаа во моето минато и воопшто не сакам да се вратат во мојот живот. Но, сакам да бидат добро, да бидат среќни.
Верувам дека луѓето можат да се променат, дека треба да им се даде втора шанса, но во исто време, мислам дека ако конечно го запознаете вашиот маж, ништо не може да ве спречи да бидете со него. На крајот на краиштата, ако некој навистина ве сака, тој секогаш ќе остане покрај вас. Секогаш!
Не ми треба човек кој ќе се врати. Ми треба маж кој никогаш нема да ме остави.
Знам дека останувањето не е секогаш најлесниот избор. И кога ќе се појават тешки моменти во врската, секогаш е многу полесно да се оддалечите отколку да трошите енергија за решавање на проблемите. Затоа сум сигурна дека ми треба маж кој е навикнат да се справува со животните тешкотии и да не ме остава кога ќе стане непријатно.
Ми треба маж кој нема да се спакува и да си замине кога работите ќе ми станат тешки во животот.
Ми треба маж кој ќе остане близок дури и кога не му давам причина да ме сака. Кој ќе остане и никогаш нема да престане да се бори за мене затоа што ќе знае дека и јас ќе го сторам истото за него.
Ми треба човек кој ќе остане да изгради пријатна куќа во моето срце.
Ми треба маж кој ќе разбере дека врската не е секогаш лесна, не е секогаш едноставна, дека навистина понекогаш е многу тешка. Но, ветувам дека никогаш нема да зажали. Ветувам дека никогаш нема да се откажам од него. И ветувам дека ќе се погрижам секогаш да се чувствува сакано и ценето.


