Сода бикарбоната е бомба за ексфолијација на кожата и за отстранување на црнките. Додавајќи малку сок од портокал, ќе ги затегнете порите и природно ќе ја избелите кожата благодарение на витаминот Ц.
Подготовка:
Измешајте една лажица сода бикарбона со една лажица сок од портокал за да добиете густа смеса.
Нанесете тенок слој на лицето, вратот и на деколтето. Ќе осетите пецкање, но тоа е зашто маската делува. Оставете ја да стои 20 минути.
Намокрете ги врвовите од прстите и тријте со кружни движења за дополнителна ексфолијација.
Исплакнете го лицето и уживајте во неговиот свеж сјај.


