Целулитот е чест проблем кај повеќето жени. Kaj некои може да се појави во рана возраст, kaj други по раѓање или ненадејно губење на тежината. И дебелите и слабите жени се склони кон тоа.
Експертите велат дека е доста тешко да се борите против целулитот, но во никој случај не е невозможно! Во оваа статија ќе споделиме неколку ефективни алатки кои ќе ви помогнат да се борите против несаканиот целулит.
1 – Вежби
Најдобар начин за борба против целулитот е тренинг за сила и аеробик во вода. Но, дури и дома, можете да постигнете неверојатни резултати со вежби барем три пати неделно. Ќе видите одлични резултати ако сте сериозни и не се откажувате. Возете велосипед, трчајте и правете многу вежби.
2 – Целулитни ексфолијанти
На пазарот можете да најдете целулитни ексфолијанти, но тоа можете да го направите сами. Овие производи прават пилинг на мртвите клетки на кожата и ја подобруваат микроциркулацијата.
Пред да го користите пилингот, загрејте го телото со топла вода, потоа нанесете го пилингот и масирајте со ракавица или крпа од дното нагоре.
Се препорачува да се користат не повеќе од двапати неделно.
3-Антицелулитен крем и серум
Можете да купите специјален антицелулитен крем или серум од аптеки и дрогериите. Кремите се поделени во две категории: со ефект на ладење (зајакнување на sидовите на крвните садови) и со ефект на затоплување (стимулирање на согорување на маснотии, зголемување на метаболизмот). Нанесете го кремот на проблематичните области, претходно загрејте ги. Масирајте ја кожата околу 10 минути.
Изберете серум со хијалуронска киселина, витамини А и Е, колаген. Овие производи ќе помогнат да се изедначи целулитот внатре.
Вечерта по туширање, масирајте ја сувата кожа со специјална ракавица за масажа. Нанесете серум и оставете да се апсорбира. Серумите треба да се користат 10-14 дена со интервал од три месеци.