НЕМА ШАНСИ ДА ГИ ВИДИТЕ СИТЕ 12 ЦРНИ ТОЧКИ НАЕДНАШ!

Генијална оптичка илузија кружи на социјалните мрежи – едноставна илустрација која ќе ги измами очите и мозокот!

Има и 12 црни точки на навидум едноставната слика, која се состои од вкрстени вертикални, хоризонтални и дијагонални сиви линии. Овие точки се на раскрсниците на линиите, но трикот е што не можете да ги видите сите 12 одеднаш.

„Хаха, супер! Мислам дека успеав да видам најмногу два одеднаш!“, „Добро, сега сум вознемирен“, напишал еден, додека еден корисник на социјалните мрежи тврди дека „сите ги видел одеднаш“.

„Трикот“ што се издвојува од оваа илузија е всушност тоа што мозокот погодува што има на остатокот од сликата, додека гледа само еден дел од неа. Точките се поставени на пресеците на сивите линии, па кога периферното око ќе го „фати“ тој пресек, се појавува илузијата на мали темни квадрати.

Оваа оптичка илузија прв пат ја објави на Фејсбук пред неколку години јапонскиот професор по психологија Акијоши Китаоке, а сега повторно стана популарна на социјалните мрежи.