Тој е дефиниран како еден од најздравите пијалоци во светот. Зелениот чај содржи многу антиоксиданси и има голем број на корисни ефекти врз нашето тело, како што се:
- поддршка на функцијата на мозокот
- намалување на мастите
- превентивно делување против разни видови на рак
- намалување на ризикот од развој на кардиоваскуларни болести
Подолу ќе дознаете некои од придобивките од консумирањето зелен чај:
- Содржи здрави биоактивни состојки
Зелениот чај е многу повеќе од само освежителен пијалок. Богат е со полифеноли, кои имаат поволни здравствени ефекти со намалување на воспаленијата во телото и имаат антиканцерогени ефекти. Содржи и катехин епигалокетин-3-галат. Катехините се природни антиоксиданси кои ги штитат клетките од ефектите на слободните радикали и имаат други здравствени придобивки за нашето тело.
Тие можат да го намалат формирањето на слободни радикали во нашето тело, да ги заштитат клетките и молекулите во нашето тело од оштетување. Слободните радикали играат голема улога во стареењето и развојот на разни болести.
Епигалокатехин-3-галат е една од најсилните состојки во зелениот чај. Постојат голем број на студии за здравствените ефекти од него, бидејќи е една од водечките состојки во зелениот чај, кои се одговорни за неговите лековити својства.
Зелениот чај содржи и мали количини на важни минерали за нашето тело.
Многу е важно да изберете висококвалитетен зелен чај.
- Може да ја поддржи функцијата на мозокот
Зелениот чај содржи помалку кофеин од кафето, но доволно за да има стимулирачки и освежувачки ефект. Содржи и аминокиселина Л-теанин, која работи синергетски со кофеинот во однос на неговото позитивно влијание врз функцијата на мозокот.
- Го забрзува согорувањето на телесните масти
Ако го погледнете составот на разни додатоци во исхраната за согорување маснотии, има добри шанси да најдете меѓу нив и зелен чај. Тоа е затоа што според различни студии, зелениот чај има забрзувачки ефект врз метаболизмот и согорувањето на мастите.
Кофеинот во зелениот чај може позитивно да влијае на нашата физичка форма со мобилизирање и отстранување на масните киселини од резервите на масти во нашето тело, така што тие можат да се согорат за енергија.
- Антиоксидансите би можеле да го намалат ризикот од некои видови рак
Зелениот чај содржи моќни антиоксиданси кои се проучени за нивните позитивни ефекти во превенцијата на некои видови рак. Постојат студии кои тврдат дека консумирањето зелен чај може да го намали ризикот од развој на рак на дојка за 20-30%, ризикот од развој на рак на дебелото црево за 42% и ризикот од развој на рак на простата.
- Може да го заштити мозокот за време на стареењето
Биоактивните состојки во зелениот чај имаат низа позитивни ефекти врз мозокот. Тие може да го намалат ризикот од развој на деменција, честа невродегенеративна болест кај постарите лица.