Постојат различни начини да се надмине парализата на одлучување:
Прифатете дека практично не постои такво нешто како совршена одлука. Дури и да имавте кристална топка, не можете да бидете сигурни дека сте го нашле најдоброто решение
Признајте дека неносењето одлука е всушност одлука. Затоа, немојте да се залажувате да мислите дека бескрајното одолговлекување е лесен лек.
Ако сте спремни да вложите напор, би било практично да го поедноставите процесот на донесување одлуки. Истражувајте и направете неколку кратки белешки за главните фактори кои ви се важни по редослед на приоритет. На пример, ако размислувате дали да купите апарат за домаќинство, тоа може да биде прво цената, а потоа гарантниот рок… Доколку се двоумите за две работни места, факторите што треба да ги земете во предвид се: ниво на плата, позиција, локација – т.е. колку е оддалечено вашето работно место од дома, итн.
Оценете ги опциите што ги имате во однос на овие фактори, при што повеќе „поени“ добиваат оние на кои им е приоритет. На крајот, ќе добиете збир што ќе ја означи најповолната одлука и дека нема причина да се сомневате дали таа што сте ја донеле е исправна или не.