Правилната хигиена е многу важна за целокупното здравје, но без оглед на тоа, гардеробата, а особено долната, мора често да се менува. Човечкото тело произведува нечистотија – и многу нечистотија. Постои стара, мртва кожа која се наоѓа низ целото тело, и до 500 милиони од овие клетки се произведуваат за еден ден. Да не зборуваме за литар пот…
Бактериите и организмите можат да преживеат со недели, но и месеци со облека, открива Филип Тиерно, директор на Центарот за микробиологија во Њујорк, кој откри и дека новата облека може да биде полна со бактерии, вируси и бацили. Значи, измијте ја новата гардероба пред да ја облечете, но и маичката откако ќе ја облечете осум часа.
Dermascope.com објаснува дека некои ткаенини можат да предизвикаат иритација на кожата, а оние што се јавуваат на грбот и градите често се резултат на постојана адхезија на материјалот на кожата. Колку се тие повалкани, толку е поголема шансата да се развие иритација