НИКОГАШ НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: ВИЕ ЗАСЛУЖУВАТЕ ДА БИДЕТЕ САКАНИ

Повторувајте си го тоа одново и одново додека не знаете дека навистина го заслужувате најдоброто.

Почитувани читатели,

Зборувам со вас, сите оние што го читаат ова, а кои можеби доживуваат незамислива болка што останува незабележана од другите. Секој од вас е личност која треба да знае дека има кој да слушне и разбере. Личност која се чувствува изгубено, исплашено и неизвесно за својата иднина.

Само вие што ги читате овие редови… запомнете едно: Вие заслужувате вистинска љубов!

Вие заслужувате да живеете подобро и да се чувствувате сакани. Заслужувате да се разбудите мирисајќи ја аромата на вашето омилено кафе, направено од саканата личност. Вие заслужувате да уживате во зајдисонцето гушкајќи се до љубовта на вашиот живот. Заслужувате вистинска и искрена љубов која ја барате цел живот.

Вие заслужувате да се сакате себеси.

Никој не може да те сака толку многу како тебе. Само размислете за тоа. Во сите овие тешки, болни времиња, секогаш бевте сами. И не се бореше со никој друг, туку со себе.

Одвојте момент да се заблагодарите.

Вие го заслужувате најдоброто!

Вие заслужувате се што овој свет има да понуди. Заслужувате да поминете низ сите тие убави моменти за кои само сонувате.

Убав живот не се случува само во бајките, се случува и во реалноста и само ние можеме да го направиме таков.

Вие заслужувате да бидете ослободени од синџирите што ве врзуваа во сопственото јас. Вие сте најдоброто и најмоќното нешто со кое се соочувате во вашиот живот.

Вие сте борбени, храбри сте и сè што сте постигнале во животот потекнува од силата што сте ја стекнале со борба.
Вие го заслужувате најдоброто!

Повторувајте постојано додека не го добиете навистина: „Заслужувам да бидам сакана. Заслужувам вистинска љубов! Заслужувам некој кој ќе ме цени и кој нема да сака да ме изгуби. Заслужувам некој кој ќе ми покаже зошто на сите други претходно не им успевало и зошто морав да ја поминам сета оваа болка! Јас сум добар човек и заслужувам повеќе! Заслужувам да бидам сакана!“