НИКОГАШ ОВА НЕ ИМ ГО КАЖУВАЈТЕ НА ЖЕНИТЕ КАКО КОМПЛИМЕНТ БИДЕЈЌИ ГИ ЗБЕСНУВА!

Иако нивните намери не се лоши и иако сакаат да ги пофалат и развеселат жените со зборови, мажите често не успеваат. Проблемот е во тоа што комплиментите кои се позитивни за нив, жените можат да ги разберат сосема поинаку.

Не изгледаш како да имаш толку години
Жените и годините?
Ако жената има 35 години, а маж и каже дека изгледа како 20-годишна, тоа може да помине како комплимент. Проблемот е што изјавата „Не изгледаш како да си толку години“ таа реченица лесно го активира женскиот гнев.

Ситуацијата е уште поопасна, ако жената има 21 година, а маж и каже дека изгледа како да има 35. Годините се лизгав терен, по кој мажите не треба да се движат.

Елегантно си пополнета
Во некои средини и култури, ова може да биде комплимент. Сепак, во повеќето случаи не е така. Ако жената протолкува дека мажот така ги фали нејзините облини, таа ќе реагира добро. Ако се сомнева дека зборува за нејзината тежина, работите одат наопаку.

Имаш егзотичен нос
ГОЛЕМ број жени се МНОГУ чувствителни кога некој зборува за нивниот нос. Подобро е да не се коментира оваа болна точка.

Преслаба си
Повторно доаѓаме на минското поле. Мажите веќе треба еднаш и засекогаш да разберат дека тежината не се дискутира со жени. Кога тој ќе рече: „преслаба си“, таа ќе чуе: „Болен си“.

Имаш убаво лице
Што е со остатокот од телото? Жените веднаш ќе помислат дека само нивното лице е убаво, па затоа е подобар избор да се каже: „Вие сте убава“.

Личиш на Мадона!
Мадона е водечка поп-sвезда, но за многумина нема место на списокот на најубави жени. После зборовите на Мадона, припадничките на понежниот пол прво ќе помислат на сите нејзини несовршености. Оваа и слични споредби треба да се избегнуваат.

Дали е природна твојата коса?
Жените кои немаат природно бујна коса лесно посегнуваат по вештачка. Кога ќе ги прашате, само ги потсетувате на болна тема.

Од друга страна, жените кои имаат природно убава коса ќе бидат навредени затоа што сте се сомневале во нивните квалитети.

Сега изгледаш подобро.

„ А порано не изгледав добро?“, Скоро секогаш ќе праша една жена. Подобар избор е изјавата: „Изгледаш одлично“.