- Го штити имунолошкиот систем
Сексуално активните луѓе ретко земаат боледување, бидејќи сексот го штити имунитетниот систем, кој ве штити од напади на вируси и други несакани гости кои предизвикуваат разни болести.
- Го зајакнува либидото
Сакате поактивен сексуален живот? Одлична вест е дека ќе стигнете до тоа со секс. Едноставно, редовниот и квалитетен секс води кон посилна и почеста желба за повеќе секс. Пробајте!
- Го намалува крвниот притисок
Истражувачите проценуваат дека постои врска помеѓу сексот и намалувањето на крвниот притисок. Сексот еднаш неделно поттикнува ослободување на доволна доза на анти-стрес хормон окситоцин, кој го намалува високиот крвен притисок во стресни ситуации.
- Губите калории како при вежбање
Сексот е форма на вежба за која ќе се согласиме дека е омилена кај сите. Со секс губите околу 5 калории во минута, што е многу повеќе отколку да седите пред ТВ. Ставете го во вашиот дневен распоред и запомнете дека сексот е исто како и вежбање, бидете упорни да уживате во повеќе придобивки.
- Го намалува ризикот од срцев удар
Квалитетниот сексуален живот е добар за здравјето на срцето. Покрај тоа што е одличен начин за забрзување на отчукувањата на срцето, тој ги одржува нивоата на хормоните естроген и тестостерон во рамнотежа. Во една студија, научниците заклучиле дека мажите кои имаат секс двапати неделно имаат двапати поголема веројатност да не умрат од срцеви заболувања отколку мажите кои имаат поретко секс.