ОБИДЕТЕ СЕ ДА ГО КАЖУВАТЕ ОВА ПОЧЕСТО И ВАШАТА ВРСКА ЌЕ ЦВЕТА

Еден љубезен збор отвора и железна врата. Го слушавме ова безброј пати во текот на животот, но дали навистина го применуваме?

Во животот, најчесто во емотивните врски, понекогаш забораваме дека комуникацијата е клучот за се. 

Тоа се зборови како „Што мислиш?“

Питер Пирсон, психолог за односи смета дека горенаведеното прашање може да помогне во разговорот и целосно да ја промени динамиката на текот на разговорот.

На пример, ако некој му каже на партнерот: „Воопшто не ти е гајле за тоа како се чувствувам“, ова е еден вид обвинување и неговиот одговор ќе биде одбранбен – изјави Пирсон.

Размената на одбранбени реченици нема да ве одведе никаде. Додека, вредноста на прашањето „што мислиш?“ може значително да го промени квалитетот на дијалогот што го имате. Конечно, ако додадете обвинение, тоа нема да звучи толку грубо и навредливо.

Овие збора можат да го претворат конфликтот во соработка, демагогијата во демократија и да помогнат да се отвори разговорот на вистински начин.

Навистина е едноставно, наместо да тргнете во напад, започнете дијалог и без сомнение вашата врска ќе се издигне на следното ниво.