Хиндусите веруваат дека бенка на одреден дел од телото означува некаква состојба или уште подобро, просперитет во иднина.
Ова се 12 места каде што е добро да се има бенка бидејќи таа претставува богатството, поседување на големи суми на пари и можност за чести патувања во странство!
- Бенка на десниот образ
Лице со бенка на десниот образ ќе добие многу богатство многу наскоро по неговата венчавка.
- Бенка над усните
Бенката која ја прослави Синди Крафорд, се карактеризира кај упорни и тврдоглави луѓе кои доаѓаат полесно од другите до целта, а со тоа и побрзо се богатат од другите луѓе.
- Бенка кај носот
Ако бенката е на носот или веднаш до него, тоа значи дека ќе бидете богат човек. Луѓето со бенка на носот ќе доживеат успех, здравје и деловен успех во нивните животи.
- Бенка на петата
Бенките на ова место не се чести, но ги имаат луѓето кои имаат тенденција да патуваат често. Почесто патуваат во близина на својот роден град, но и патувања преку океанот не се ретки за оваа личност.
- Бенка на половината
Оваа многу софистицирана бенка ја имаат навистина посебни луѓе. Иако сопствениците на ваква бенка поголемиот дел од својот живот се чувствуваат незадоволни и немирни, бидејќи секогаш за нив постои некоја поголема тежина, истите овие луѓе често се многу успешни и многу ќе постигнат.
- Бенка меѓу очите
Т.н. „трето око” го означува богатството и задоволството од животот во најголем дел од времето. И што е најважно, овие луѓе ќе се напатуваат во животот.
- Бенка на десната дланка
Ако сте еден од оние кои имаат бенка на десната рака, односно на дланка, ќе го вкусите богатството на животот. Сепак, важно е каде се наоѓа бенката. Ако е на горната половина од дланката до богатството ќе дојдете лесно, но ако е на дното на дланката, малку ќе се намачите, но секако ќе го добиете.
- Бенка на брадата
И покрај фактот дека луѓето кои имаат бенка на брадата не се склони да се дружат со многу луѓе и социјализација во принцип, тие ќе бидат многу среќни и ќе имаат избалансиран живот.
- Бенка кај папокот
Овие луѓе се вистински среќници, бидејќи тие лесно ќе одат низ животот и ќе дојдат до важни работи. Но, сопствениците на бенка се многу рационални во трошењето.
- Бенка на десната страна на градите
Луѓето што имаат бенка на ова место ќе уживаат во мирен живот со многу предности.
- Бенка на уво или на десната страна на лицето
Дали бенката е баш на увото или на рабовите на лицето, сопствениците на таквите бенки ќе имаат исполнет и богат живот. Се разбира, условот е бенките да се на десната страна на лицето.
- Бенка на малиот прст
Не е важно дали бенката е на малиот прст на десната или левата рака, сопствениците на овие бенки, едноставно ќе уживаат во животот, а можеби ќе патуваат низ целиот свет!