Дали е навистина добар секс добар за врска, а одличен е уште подобар? Веројатно секој би се согласил со ваквите тврдења, но се чини дека не е баш така.
Дали е навистина добар секс е добар за врска, а одличен е уште подобар?
Во една студија учествувале 233 младенци кои ги споделиле своите интимни искуства со научниците и одговориле на бројни прашања во врска со квалитетот на односите и сексот.
Се испостави дека мажите кои имале многу авантури и секс за една вечер пред бракот почесто ќе ги изневеруваат своите жени, додека жените кои биле такви пред брак нема да го сторат тоа или ќе го сторат тоа – но многу поретко од мажите.
Исто така, помладите луѓе и помалку привлечните жени ќе изневеруваат почесто отколку зрелите и привлечните жени.
Дури и поинтересен од ова е фактот дека партнерите кои во истражувањето тврдат дека имаат фантастичен сексуален живот почесто биле подготвени да имаат секс надвор од брак.
Психолозите сметаат дека причината за ова е што овие луѓе едноставно сакаат секс, па го практикуваат и во брак и надвор од него. Затоа, ако вашиот партнер ве изневери, не обвинувајте се себе си и своите вештини под чаршавите.