ОВА ОВОШЈЕ ЌЕ НАПРАВИ НЕШТО ВРЕДНО ЗА ВАШЕТО ТЕЛО!

Ви пренесуваме 5 здравствени придобивки од капините – после ова ќе сакате почесто да ги јадете:

  1. Слабеење – капините не содржат масти, немаат додаден шеќер и се нискокалорични. Богати се со влакна, ќе ве заситат, но поволно ќе делуваат на варењето. Покрај тоа, влакната што ги содржат може да поттикнат ситост, што помага да се одржи здрава телесна тежина.
  2. Го зајакнуваат имунитетот – Исклучително се богати со витамин Ц, кој е важен за имунолошкиот систем. Една шолја свежи капини содржи 30 mg витамин Ц, што е повеќе од 30 проценти од дневната препорачана количина на тој витамин.Исто така, богата е со антиоксиданси кои штитат од болести и воспалителни процеси во организмот.
  1. Позитивно влијае на работата на цревата – Поволно влијае на нивото на позитивни бактерии во цревата и ткивото, го промовира здравјето на системот на органи за варење, како и на целиот организам. Капините можат да промовираат здрав цревен микробиом .
  1. Ја подобрува концентрацијата и меморијата – Храната која е природно виолетова или темноцрвена боја содржи полифенол антоцијанин, кој го има и во капините. Истражувањата покажуваат дека може да има корисен ефект врз меморијата, вниманието и концентрацијата. Капината е храна за мозокот, па грицкајте ја оваа вкусна и неодолива бобинка додека учите или работите.